| Сместен во строгиот центар на Скопје, Ресторанот „Национал“ Ви нуди оддишка од постојаното темпо на градот. Од неговото отварање во 1994 година, овој ресторан претставува место за прекрасен оброк како на Скопјани, така и на секој оној кој поминува низ Скопје.
Овој прекрасен национален ресторан Ви нуди голем избор на традиционални јадења и одлична винска листа. Во неговото мени влегуваат и разновидни интернационални специјалитети, морска храна и голем избор на пици. Нашиот тим на вработени Ви нуди одлична услуга во ведро расположение. Поделен на три дела, Ресторанот „Национал“ Ви нуди атмосфера според Вашето расположение.
Ресторантскиот дел, во автентична македонска атмосфера, има капацитет за 120 лица.
Кафе пицеријата е прекрасно место за релаксиран разговор низ голем број на италијански специјалитиети, чиј капацитет изнесува 60 гости.
Летната тераса, омилена за вработените и минувачите во строгиот центар на градот, има капацитет за 120 гости.
Ресторанот „Национал“ Ви нуди многу поволни можности за организирање на Вашите приватни забави, семејни веселби, но и деловни настани и состаноци. Исто така, ресторанот е Клуб на адвокати.
Нудиме и можности за организирање на свечености и настани во вашиот дом или фирма. Нашата професионална кетеринг услуга секојпат Ви стои на располагање.
|